кибернетичар | м.

Тој што се занимава со кибернетика.

кибицер | м.

Љубопитен набљудувач на игри со карти, шах, спортски игри и сл. Таму се играше шах, кибицерите ги поклопуваа играчите.

кибицира | несв.

а) Љубопитно набљудува игри со карти, шах, спортски игри и сл. Тој можеше да ги кибицира твоите карти. б) Набљудува, гледа со интерес и уживање воопшто. Момчето од соседната маса упорно ја кибицираше.

кибрит | м.

Кутија што содржи мали дрвца, коишто од едната страна се обложени со запалива материја за брзо палење. Скокни до дуќанчето и купи два-три кибрити.

кибритен | прид.

Што се однесува на кибрит. Кибритно дрвце.

кива | несв.

Со нагло рефлексно стегање на градниот кош, исфрла, истиснува воздух од белите дробови преку нос и уста, испуштајќи карактеристичен звук. Настинат е, постојано кашла, кива и шмрка со носот. Замириса на изгорени пиперки и луѓето почнаа да киваат и да слегуваат од куќите.

кивавица | ж.

Акутно воспаление на слузницата на носот, најчесто при настинка, придружено со нагло исфрлање на воздух преку носот и устата.

кивавичав | прид.

Тој што има кивавица, што постојано кива и шмрка со носот. Беше зиморлив и кивавичав, лете и зиме со мрсулав нос.

киви 1 | ср.

Вид птица тркач, со недоразвиени крила, краток врат и долг тенок клун која живее во Нов Зеланд; Apteryx, A. australis.

киви 2 | ср.