Кизангани | ср.

Град во ДР Конго.

кика | ж.

Сплетено или врзано перче коса. Секогаш ја гледа како малечко девојче, со мали кики и голема панделка на главата.

кикбокс | м.

Вид бокс во кој се дозволени и удари со нозете.

ки-ки-ки! | изв.

За имитирање на гласна смеа, кикот. Ки, ки, ки! – се смее таа и кикотот ги зафати сите девојчиња.

кикирига | несв.

кикиритка | ж.

Едногодишно, ниско растение, чии мешункасти плодови со семки, богати со масло, растат под земја; плодот и семките на тоа растение; Arachis hypogaea. Собата се исполни со миризба на печени кикиритки.

кикиришка | ж.

Месест, црвен и назабен израсток на глава на кокошка, петел, мисирка и сл. Петлето имаше бело тенко клунче, а на главата црвена кикиришка.

киклоп | м.

(мит.) Во грчката митологија – џин со едно око на средината од челото.

кикот | м.

Гласна, ѕвонлива, несопирлива смеа; кикотење. Тој гласно се насмеа и кикотот ја исполни собата. Во полумракот околу мене чув кикот.