кикотен | прид.
Што претставува, што е кикот. Кикотна смеа.
кикоти се | несв.
Гласно се смее. Патниците и понатаму се кикотеа заразно.
кикотлив | прид.
Кикотлива смеа.
кикотница | ж.
кикс | м.
Грешка. На сцената се случија неколку киксови од страна на водителот.
киксира | св. и несв.
Направи, прави кикс, згреши, згрешава.
кила | ж.
Оток што се јавува при испаѓање на внатрешните органи или на нивните делови, најчесто цревата, од нивното природно лежиште во соседната телесна празнина или под кожата, поради слабост, попуштање на мускулите или на стомачниот ѕид.
килав | прид.
Што е заболен од кила, што има кила.
килави се | несв.
Напорно работи, капнува од работа. Тие не се килават од работа. Ти ја заградуваш таа пустелија, таму нема ни земја, само се килавиш за ништо.
килер | м.
Помала просторија во куќа, за чување прехранбени производи, облека и други предмети. Во килерот ја чуваше сета зимница.