кинологија | ж.

Дел од зоологијата што ги проучува кучињата и нивните расни карактеристики.

кинооператор | м.

Тој што прожектира филмови.

кинопроектор | м.

Апарат за прожектирање на филмови.

кинотека | ж.

Установа што се занимава со собирање и чување на филмска документација и со прикажување на постари филмови; филмски архив, зграда во која се чува таква документација и во која се прикажуваат такви филмови.

Киншаса | ж.

Главен град на ДР Конго.

киоск | м.

Мала продавница во која се продаваат весници, цигари и друга ситна трговска стока; бутка, трафика. Отидов до првиот киоск и купив весници.

Кипар | м.

Островска држава во Европа.

кипарис | м.

Зимзелено дрво, што расте во јужните, топли краишта, чемпрес; Cupressus sempervirens.

кипер | м.

Товарно возило (камион, вагон) со подвижна каросерија за истовар на стока. На местото имаше десетина кипери и неколку булдожери.