кинемаскоп | м.
Вид кинематографска техника за прикажување филмови на голем екран.
кинематика | ж.
Дел од теориската механика, што го проучува движењето без оглед на причините кои го предизвикуваат тоа движење.
кинематограф | м.
Апарат за филмско снимање и за прикажување филмски снимки на екран.
кинематографија | ж.
Снимање на предмети во движење, настани и сл. и нивно прикажување на филмско платно.
кинетика | ж.
Дел од теориската механика што го проучува движењето на телата и силите што го предизвикуваат тоа движење.
кинин | м.
Прашок добиен од кората на кининово дрво што се употребува како лек против маларија и некои други болести. Се лекувала со секакви таблети и со кинин.
кинис | м.
Тргнување, поаѓање.
киниса | св.
Почне да оди, да се движи, тргне. Брзо киниса кон својата одаја.
кино | ср.
Место, сала каде што се прикажуваат филмови. Секоја сабота одевме в кино.
кино- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење што се однесува на кино: кинооператор, кинопретстава, кинопроектор, киносала.