клечешкум | прил.

Со клечење, во клекната положба.

клечи | несв.

а) Е на колена, се потпира на колена. Луѓе од разни краишта на земјата клечеле пред светецот. Клечеше пред иконата и се молеше. б) Стои со свиткани колена, без да се потпира на земјата. Луѓето клечеа околу жарта и го слушаа.

клечка | ж.

Тенка, куса прачка. Момчето со клечка долго чепкаше и риеше во земјата.

клечо | м.

Физички, духовно или морално слаб човек.

клешта | ж.

Метална алатка, составена од два дела вкрстени во вид на ножици, што служи за фаќање, стегање или вадење на нешто. Ковачки клешти. Забарски клешти.

клешти се | несв.

Се смее силно, гласно; прави гримаси. Не клешти се како печен, што има смешно во тоа. Врсниците го задеваа дека сите девојки го сакаат, а тој се клештеше и им веруваше.

клештило | ср.

Дел од кровна конструкција, составен од две греди што со едниот крај влегуваат една во друга како во жлеб. Потоа дојдоа на ред гредите, диреците, клештилата и желниците од куќите во кои живееја самите аскери. Празниот простор меѓу ѕидот и клештилата се вика „мутли".

кливка | несв.

клиент | м.

Лице во однос на својот правен застапник, адвокат.

клиентела | ж.

Сите клиенти коишто бараат услуга од едно лице, претпријатие и сл. Тој му обезбедуваше клиентела и добиени процеси преку врски во судот. Продавницата ја посетува различна клиентела.