клик | м.

Извик, восклик.

клика | ж.

Група луѓе, поврзани со исти политички, економски и други интереси заради остварување на користољубиви цели. Дворска клика. Владејачка клика.

клика | несв.

За некои птици – испушта силен, продорен глас. Орелот клика под небото сино.

клима | ж.

Метеоролошки услови и појави (температура и влажност на воздухот, воздушен притисок, ветрови и др.) со кои се карактеризира една област, една земја во подолг временски период, поднебје. Континентална клима. Умерена клима. Медитеранска клима. Планинска клима.

клима | несв.

климакс | м.

(поет.) Поетска фигура со која мислите и чувствата се изразуваат со низа од сè посилни изрази.

климактериум | м.

Период на физиолошки промени кај жената во кој постепено ослабува функцијата на половите жлезди.

климактеричен | прид.

Што се однесува на климактериум; што се однесува како да е во климактериум. Климактерични појави.