клистира | св. и несв.

Даде, дава клистир.

клисура | ж.

Тесна и длабока речна долина со високи и стрмни страни; теснина. Најпосле дојдоа до поточето што се спушташе низ скалестата клисура.

клише | ср.

Метална или дрвена плочка на која е втисната или издлабена слика, цртеж и сл. за отпечатување поголем број примероци.

клишира | св. и несв.

Направи, прави, изработи, изработува клише; умножи, умножува со помош на клише. Јас имам планирано цел подлисток, со илустрација, со клиширан наслов. Клиширан израз.

клишираност | ж.

Состојба на тоа што е клиширано.

кло | изв.

Извик за имитирање на звукот што се слуша при голтање на течност или при истек на вода. Ќе ја дигне ракијата кло, кло, кло... па ќе се стркала пак на рогозината.

клободан | м.

Срма, срмена врвца.

клобук | м.

(арх.) Шапка.

клобурец | м.

Меур што се јавува, што избива на вода или друга течност, исполнет со воздух, водена пареа, гасови. Зад него остана запенета вода, потоа клобурци и само една тенка дага.