коала | ж.

Австралиски цицач од фамилијата торбари, што живее на дрвјата евкалиптус и се храни со нивното лисје; Phascolartus cinereus.

коалиционен | прид.

Што се однесува на коалиција; коалициски. Коалициона влада.

коалиција | ж.

Воен или политички сојуз меѓу две или повеќе држави против една или повеќе други држави.

коалцира | св. и несв.

Влезе, влегува, стапи, стапува во коалиција.

коб | ж.

Зла коб се надвиснала.

коба | ж.

Лоша, несреќна судбина; знак дека нешто лошо ќе се случи. Како некоја коба се оствари напомнувањето дека очите од потта можат да му се воспалат.

кобалт | м.

Хемиски елемент, сребренобел метал сличен на никелот и железото, што влегува во составот на многу легури; симбол Co.

кобалтен | прид.

Што се однесува на кобалт, што е од кобалт, што содржи кобалт.

Кобе | ср.

Град во Јапонија.

кобеж | м.

Тишината донесе кобеж.