кобел | м.

Дрвен сад со долгнавесто дно за чување вода, млеко, кајмак и др.

кобен | прид.

Што носи, што предизвикува зло, несреќа; што навестува несреќа, зло. Кобен час. Кобна вест. Кобна судбина. Кобни претчувства.

кобец | м.

Вид птица грабливка; Accipiter nisus.

коби | несв.

Насетува, навестува некакво зло, несреќа. Тишината на куќната самотија кобеше немир и неизвесност.

кобила | ж.

Женка на коњ. По падината галопираше брзонога кобила.

кобилар | м.

Тој што одгледува, што чува кобили.

кобилешки | прид.

Што е од кобила. Кобилешко млеко

кобилица | ж.

(анат.) Градна коска кај кокошки и други птици.

кобник | м.

Тој што насетува, претчувствува несреќа.