колика | ж.

Силна, остра болка со грчеви што се јавува нагло во стомачните органи. Знаците на труење се: повраќање, колика, дијареја и др.

колило | ср.

Дрвено рало. Во таква почва ќе се скрши и орало и колило. Ги влечеле колилата оставајќи зад себе лепешки. Изедете го добичето и запалете го колилото.

колинар | м.

готвач.

колитис | м.

Воспаление на дебелото црево.

количе | ср.

Дем. и хип. од кола а) и б).

количествен | прид.

Што се однесува на количество; квантитативен. Количествено одмерување. Количествена промена.

количество | ср.

Својство на нештата да бидат определени, измерени по обем, големина, бројност. Донесоа големо количество вино. Купи големо количество месо.

количка | ж.

Дем од кола2. Назив за разни помали направи со едно, две, три или четири тркала што служат за превоз на: материјал, деца, болни лица и др. Детска количка. Инвалидска количка. Товарна количка.

количник | м.

Резултат од делење на една величина со друга, број што покажува колку пати се наоѓа делителот во деленикот.