колесница | ж.

Луксузна, богато украсена кола. Торжествена колесница. Царска колесница.

колет | м.

Добро спакуван пакет со нешто што се испраќа по пошта. Катаден пристигаа пари, писма, колети од гурбет.

колеџ | м.

Назив за образовна установа, во разни земји од различен степен: средна, виша или висока. Децата на печалбарите ретко учат во колеџи. Синовите на полковниците одеа во најскапи колеџи во големите градови.

колиба | ж.

Привремено засолниште, куќичка од колци, трски или плитар, покриена со гранки, прачки, слама, лисја што се прави обично на планина, на лозје, во поле. Спиеше во сламената колиба на еден полјак. Презимија во овчарска колиба. Напуштена дрвена колиба.

колибар | м.

Лице што живее или живеело во колиба. Колибарите планираа да ја поправат колибата.

колибри | ср.

Многу мала шарена птица со долг клун, со акробатски лет околу цветовите со чиј полен се храни, распространета во Средна и Јужна Америка, најмала од сите птици; Trochilidae. Во куќата имаше кафез со тропско колибри.

колизија | ж.

Судир на спротивставени сили, стремежи, интереси. Не постои колизија меѓу реалноста и човечките соништа. Поранешните норми дошле во колизија со новите односи.