кондак | м.

Куса црковна пофална песна. Во црквата се пееја кондаци за божјите угодници.

кондар | м.

Долг стап што на едниот крај завршува во форма на чатал. Се црвенееја јаболка закачени на кондари.

кондензат | м.

Кондензирана материја; производ на кондензација.

кондензатор | м.

(физ.) Апарат за кондензација на пареа и на гасови.

кондензација | ж.

Згуснување, збивање. Кондензација на исказот.

кондензира | св. и несв.

Згусне, згуснува; собере, собира.

кондил | м.

Вид писалка за школска плоча. Пишуваше со кондилот на таблицата.

кондир | м.

Поголем сад за вино, ракија и сл. Да ме чекаш со кондир со вино црвено!

кондиса | св.

Остане во некое место извесно време на конак; отседне.

кондиционал | м.

Условен глаголски начин кој го покажува условот за вршење на глаголското дејство на главната реченица (на пр. Ако не врне, ќе дојдам.).