конвулзија | ж.

Грч, грчење. Во животот имаше многу конвулзии.

конгенијален | прид.

Што е на иста духовна или умствена висина; духовно сроден. Конгенијални умови.

конгломерат | м.

(геол.) Нехомогена карпа или рудна наслојка составена од повеќе минерали. Скаменет конгломерат.

Конго (ДР) | ср.

Држава во Африка, поранешен Заир.

Конго (Република) | ср.

Држава во Африка.

конгрегација | ж.

Здружение на црковни општини на католичката црква; братство.

конгрес | м.

Собир на луѓе со еднакви научни или професионални интереси за решавање на актуелни прашања; конференција. Конгрес на археолозите.

конгресен | прид.

Што се однесува на конгрес. Конгресни материјали. Конгресна сала.

конгруентен | прид.

Што е согласен, еднаков, соодветен; што се поклопува.

конгруенција | ж.

Согласување меѓу зборовите што се во синтаксичка врска. Конгруенција меѓу подметот и прирокот.