калешест | прид.

калешка | ж.

Овца со црни белези околу очите; вакла.

кали | несв.

Дава на железото, челикот голема тврдост, цврстина, издржливост со негово загревање на висока температура и брзо, нагло ладење во вода.

калибар | м.

Внатрешен пречник на цевка од огнено оружје (пиштол, пушка и сл.).

калиграф | м.

Тој што пишува со убав ракопис; краснописец.

калиграфија | ж.

Вештина, способност за убаво пишување; краснопис.

калиграфски | прид.

Што се однесува на калиграф и на калиграфија; убаво и читливо напишан. Калиграфски ракопис. Калиграфска вештина.

калина | ж.

калинка.

Калининград | м.

Руски град на брегот на Балтичкото Море.

калинка | ж.

Овошно дрво со ниско стебло или поголема грмушка, разгрането и трнливо, со ситни, долгнавести листови, големи, црвени цветови и големи тркалезни плодови со дебела црвено-зеленикава кора во чијашто внатрешност има голем број ситни, црвени и сочни зрнца со пријатен вкус; Punica granatum. Земјата раѓа калинки и смокви. Во секој двор имаше по две-три дрвја калинки.