калира | св. и несв.

За стока – изгуби, губи на тежина поради сушење, испарување, транспорт и сл. Со текот на времето стоката губи од својата маса – калира.

калиум | м.

Хемиски елемент, мек метал со сребренестобела боја што се јавува во хемиски соединенија; симбол К.

калиумов | прид.

Што се однесува на калиум, што содржи калиум. Калиумови соли. Калиумови соединенија.

калиф | м.

Муслимански верски главатар во арапските држави што ја има највисоката духовна и световна власт; титула на турските султани. Справедлив е нашиот калиф

калифат | м.

Територија, држава со која управува калиф.

Калифорнија | ж.

Полуостров и сојузна држава на САД.

калица | ж.

Голем сад за вода.

калиште | ср.

Аугм. од кал.

калјача | ж.

Младата жена во калјачи го миеше подот.

калк | ж.

Збор или израз добиен со буквален превод на туѓ збор или израз