корниз | м.
Метална, дрвена или пластичка направа над прозорец за закачување завеса. Стави нови корнизи во кујната.
корнишон | м.
Вид ситна краставичка за конзервирање. Стави корнишони во туршијата.
кородира | св. и несв.
Разјаде, разјадува, нагризе, нагризува, 'рѓоса, 'рѓосува; Плугот кородира на дождот.
корозивен | прид.
Што нагризува, разјадува. Корозивна кал.
корозија | ж.
(геол.) Разјадување на карпите и на минералите под хемиско влијание на водата.
короман | м.
Големо парче леб. 'Ржан короман. Куќата да има короман и спокојство.
корона | ж.
круна.
короса | св.
Фати кора, се здрви по површината. Мразови му ја коросаа снагата.
коросан | прид.
Што е тврд како корка. Коросани раце. Коросана јака.
корпа | ж.
кошница.