коркутка | ж.
Вид густа чорба од рибата плашица. Сиромасите од плашиците варат коркутка.
кормилар | м.
Тој што управува со кормилото на брод, давајќи му правец. Кормиларот ја насочи галијата на исток.
кормило | ср.
Направа за управување со брод. Го испушти кормилото на бродот.
корморан | м.
Голема птица со темна боја и со силен клун што се храни со риби и се искористува од рибарите при риболов; црн пеликан; Phalacrocorax carbo.
кормушар | м.
Прост, глупав човек. Овој кормушар ги омаловажува побратимите.
кормушка | ж.
корне | несв.
За растение – вади од корен. Корне трева.
корнер | м.
Во фудбалот – удар на топката од аголот на игралиштето кон противничкиот гол затоа што играч од противничката екипа ја префрлил топката преку својата гол-линија.
корнет 1 | м.
Дувачки лимен инструмент што има форма на рог.
корнет 2 | м.
Фишек, тутурка за сладолед.