коруби се | несв.
Добива облик на коруба, се искривува. Штицата се коруби.
корубина | ж.
Грб од заклана свиња. Низ корубината тече крв.
коруз | м.
Засушена крв, струп. Го откорна корузот од раната.
корумпира | св. и несв.
Поткупи, поткупува, подмити, подмитува.
корумпиран | прид.
Што е склон на поткупување, на подмитување. Корумпиран политичар.
корунд | м.
Алуминиумов оксид кој се наоѓа во природата во вид на кристали; горски кристал.
корупка | ж.
Кора на плод. Корупка од лубеница.
корупционер | м.
Тој што прима мито, што е поткуплив.
корупција | ж.
Поткупливост;
корупче | ср.