Корча | ж.
Град во Албанија.
корче | ср.
корчест | прид.
Што е како корка. Корчеста дланка.
кос 1 | м.
Појна птица од редот на дроздовите што живее по шумите, лозјата и парковите; Turbus merula. Од грмушките се огласи косот.
кос 2 | прид.
Што е навален, што е под некаков агол во однос на околните предмети или на хоризонталната површина. Коса црта.
коса 1 | ж.
Сите влакна на главата кај човекот. Густа коса. Кадрава коса. Руса коса. Лисеста коса.
коса 2 | ж.
Земјоделско орудие за косење трева направено во облик на долго свиено сечиво и прицврстено на долга дрвена дршка. Замавна со косата во ливадата. Ја клепа косата.
коса 3 | ж.
Планинска страна, дел од планински масив со рамна страна. Планинска коса.
косар | м.
Тој што кове коси.
косач 1 | м.
Тој што коси трева, жито и сл. Откоси паѓаа околу косачите.