крадешката | прил.
Крадешката си легнал.
крадешки | прил.
крадешкум | прил.
Тивко и тајно како при кражба, незабележливо, кришум. Крадешкум се приближува. Крадешкум побегна од дома.
крадлив | прид.
Што е склон да краде, што краде. Крадливи раце. Крадлив мачор.
крадливец | м.
Крадливците го пљачкосуваа.
крадло | м.
Крадец. Со прст покажуваа на овој крадло.
крадне | св.
Украде по малку; поткрадне. Крадна по некое зрнце жито.
крадум | прил.
Крадум ја помина границата.
краен | прид.
Што е на крајот, што е последен, заден. Крајна порака. Со крајни напори. Крајно време е. Крајна куќа.
краешник | м.
Парче од крајот на леб, погача и сл. Скрши еден краешник од лебот.