кражба | ж.

Недозволено, скришно земање на нешто туѓо. Кражба на добиток. Ситна кражба. Провална кражба.

краина | ж.

Област, покраина, предел. Силен ветер дува над краината.

краишен | прид.

Што е на крајот, краен. Краишна област.

краиште | ср.

Крајниот дел на географска површина, на пр. крај на нива.

крак | м.

(дијал.) Нога. Крастата се ширеше по краците над колената.

крака | несв.

За кокошка – испушта глас, се огласува. Кокошките уплашено кракаа.

кракат | прид.

Што има долги нозе. Види го каков е кракат.

кракел | м.

Кука, ченгел.

кракле | ср.

Тој што има долги нозе. Што гледа во тоа кракле?

краклест | прид.

Што е со долги нозе. Краклест човек.