крвосан | прид.

крвотворен | прид.

Што учествува во создавањето крв и добра крвна слика.

крвоток | м.

Кружно движење на крвта преку срцето и крвните садови. Спортистите немаат проблеми со крвотокот.

крвче | ср.

крвјоса | св.

Окрвави, се облие со крв. Му го крвјоса увото на коњот.

крвјосан | прид.

Што е окрвавен, што е зацрвенет. Крвјосано сечило. Крвјосани очи. Крвјосано сонце.

крг | м.