крвавица | ж.

Вид колбас од свински ситнеж и засирена крв. Крвавиците беа убаво испржени.

крвен | прид.

Што се однесува на крв. Крвни садови. Крвна плазма. Црвени крвни зрнца. Крвна група. Крвен притисок. Крвен излив.

крви се | несв.

Се тепа, крваво се кара со некого. Со години се крвеа за наследството.

крвјоса | св.

Окрвави, се облие со крв. Му го крвјоса увото на коњот.

крвјосан | прид.

Што е окрвавен, што е зацрвенет. Крвјосано сечило. Крвјосани очи. Крвјосано сонце.

крвник | м.

Тој што извршил убиство; убиец. Крвникот со меч го уби старецот.

крвников | прид.

Што му припаѓа на крвник. Крвникова рака.

крвнина | ж.

Крвопролевање, убиство. Втасаа со пушки в раце готови за крвнина.

крвнички | прид.

Што се однесува на крвник.

крвно | прил.

Со крв, по крв. Фамилиите крвно се измешаа.