кривоног | прид.

Што има криви нозе. Кривоног фудбалер.

кривонос | прид.

Што има крив нос. Кривоносо момче.

криворог | прид.

Што има криви рогови; Криворог прч. Криворог брав.

кривотница | ж.

Заболување од кое стоката криви.

кривоуст | прид.

Што има крива уста. Кривоуст пејач.

кривошија | м.

Тој што има крив врат; шија.

кривулест | прид.

Што кривулка, што е со многу благи кривини. Кривулеста патека. Кривулест ходник.

кривули | несв.

Се движи во кривулеста насока, свива, свртува. Потокот кривули надолу низ полето.

кривулица | ж.

Свиок, кривина. Пат со многу кривулици. Речни кривулици.

кривуличав | прид.

Кривуличава патека. Кривуличава суводолица.