криво | прил.
Свиткано, извиткано, искривено, накриво. Патот криво врви.
кривоверен | прид.
Што не ја исповеда вистинската вера; Осуден е како кривоверен.
кривоверец | м.
Тој што е кривоверен; еретик. Во селото се верници, ама има и по некој кривоверец.
кривоверство | ср.
Верско учење што се противи на догмите на владејачката религија.
кривоврат | прид.
Што има крив врат;
кривоглед | прид.
Што гледа накриво; шашлив. Кривогледа невеста.
кривозаб | прид.
Што има криви заби. Кривозаб нерез.
кривоклетник | м.
Тој што криво се заколнал, што лажно се колне. Станаа кривоклетници пред светот. Кривоклетници го наклеветија.
кривоклетство | ср.
Заколнување на невистина. Кривоклетството се казнува. Не можам кривоклетство врз душата да си ставам.
криволево | прил.
На некој начин, некако, донекаде. Ја изгради куќата криво-лево