камерен | прид.
Музика што се изведува во мала просторија, пред мал број слушатели, со помалку инструменти и гласови. Камерна музика.
камерман | м.
Филмски или телевизиски снимател. Камерманот не можеше да го фати со камерата изразот на нејзиното лице.
камертон | м.
Тон според кој се штимаат музичките инструменти, утврдена висина на тонот.
Камерун | м.
Држава во Африка.
камењар | м.
Каменита почва, каменито место. Никому не му паѓаше напамет во камењарот да откопува змии.
камењарка | ж.
каменарка 2. По камењарот лете пишти змија камењарка.
камењарник | м.
камење | и.
Збирна множина од камен.
камикаѕе | м.
(истор.) Во Втората светска војна – јапонски пилот самоубиец, што го жртвувал својот живот, уривајќи се со својот авион (торпедо) полн со експлозив врз непријателски брод.
камила | ж.
Пустинско животно, копитар со една или две грпки што служи за јавање и за пренос на товар; Camelus. Низ пустината врвеше караван со камили.