камениште | ср.

Аугм. од камен.

каменлив | прид.

каменоделец | м.

Занаетчија што се занимава со обработка на камен. Барал од своите каменоделци да брзаат со делкањето на воденичките камења.

каменоделство | ср.

Изработка на предмети од изделкан камен.

каменолом | м.

Место од кое се вади камен за градба, рудник за камен.

каменорезец | м.

Тој што обработува камен; каменар, каменоделец. Изградбата на храмот бара градители и зографи, каменоресци и резбари.

каменува | св. и несв.

Убие, убива со фрлање камења по некого. Го каменуваа виновникот насред село.

камера | ж.

Фотографски или филмски апарат. Телевизиски камери. Полароидна камера.