кркотница | ж.
Силно, гласно смеење. Во собата се слушаа кркотници.
кр-кр-кр | изв.
За подражавање на смеење. Кр-кр-кр, – се смееше со засипнат глас.
кркуш | прил.
кркушка | ж.
(бот.) Вид репка; Helianthus tuberosus.
кркче | ср.
крла | несв.
Ниша, лула некого (обично дете). Песни Јорданка пееше и дете в крошни крлаше.
крлави се | несв.
Заздравува, закрепнува.
крлеж | м.
(зоол.) Вид паразит што живее на кожата на човекот и на разни животни и што може да пренесе зараза. Ixodes ricinus. Кучето имаше крлежи.
крлетка | ж.
крлик | м.