крлук | м.

Овчарски стап свиткан на крајот со кој се фаќаат овците за ногата. Дојде еден овчар со крлук во раката.

крлушка | ж.

Тврди рожести плочки што го штитат телото на некои 'рбетници (риби, гуштери, змии и сл.). Рибата ги наостри крлушките.

крлушкав | прид.

Што има крлушки. Тоа беше змиска кожа со крлушкави рецки.

крма 1 | ж.

Храна за добитокот. Стоката во зима бара добра крма.

крма 2 | ж.

Заден дел на брод или на чамец. Лоткарот седеше на крмата.

крма 3 | ж.

Вид ловечка пушка.

крмен | прид.

Што служи за крма. Крмни растенија.

крми | несв.

Храни стока, добиток. Татко му цела ноќ ги крмеше воловите со уров и пченка.