кројачница | ж.

Просторија во која се крои и се шие, во која се изведуваат кројачки работи. Во кројачницата работеа неколку мајстори.

кроки | ср.

План на околина или на терен изработен од око или со едноставни геометриски справи. Неговото кроки на градот беше изработено за два дена.

крокира | св. и несв.

Направи, прави кроки; скицира.

крокодил | м.

Големо водно животно слично на гуштер што живее во водите на тропските предели, а телото му е покриено со тврди ковчести крлушки; Crocodilia. Нилски крокодил.

кромид | м.

Едногодишно градинарско растение со подземно стебло, главица што се користи во исхраната на човекот; Allium cepa. На старото чардаче висеа венци кромид.

кромидар | м.

Тој што произведува кромид (кромид и лук).

кромидарник | м.

Место каде што се чува или каде што расте кромид.

кромидов | прид.

Што е од кромид; што е како кромид. Кромидова глава. Кромидови лушпи.

кромидов | прид.

Што е од кромид, што се однесува на кромид. Кромидови перја.