кровен | прид.

Што се однесува на кров. Кровна конструкција. Како кровен покривач кај овие објекти се користи сламата.

кроеж | м.

крој_1

крои | несв.

Сече ткаенина, кожа, хартија и др. на парчиња по определена форма и големина заради шиење костум, фустан, обувки и сл. Крои палто. Чевларот кроеше нови модели на сандали.

кроки | ср.

План на околина или на терен изработен од око или со едноставни геометриски справи. Неговото кроки на градот беше изработено за два дена.

крокира | св. и несв.

Направи, прави кроки; скицира.

крокодил | м.

Големо водно животно слично на гуштер што живее во водите на тропските предели, а телото му е покриено со тврди ковчести крлушки; Crocodilia. Нилски крокодил.

кромид | м.

Едногодишно градинарско растение со подземно стебло, главица што се користи во исхраната на човекот; Allium cepa. На старото чардаче висеа венци кромид.

кромидар | м.

Тој што произведува кромид (кромид и лук).

кромидарник | м.

Место каде што се чува или каде што расте кромид.