камнен | прид.
камни | и.
Множина од камен
камник | м.
Необработлива каменлива почва.
камо | прил.
Во директни прашања, со значење каде. Камо го ? Камо ти го клучот?
камоли | сврз.
За означување на спротивставени дејства, често во состав со а – а камоли. Не чекајте ја погачата, зашто не е ни месена, а камоли печена. Таа не сака да ме види, а камоли со мене да оди на натпреварот.
камп | м.
Логор, табор; војнички логор.
Кампала | ж.
Главен град на Уганда.
кампања | ж.
Повремено, организирано политичко, општествено, стопанско или воено дејствување со точно определена цел и точно определен период за извршување. Предизборна кампања. Кампања за борба против алкохолизмот.
кампањски | прид.
Што се врши одеднаш, само во определен период, а не организирано и систематски. Кампањска работа. Кампањско учење.
кампер | м.
Тој што е сместен, што логорува во камп.