кампинг | м.
кампира | несв.
кампува | несв.
Логорува, привремено живее во шатор, на отворено, во природа.
Кампучија | ж.
Поранешно име на државата Камбоџа, Азија.
камуфлажа | ж.
(воен.) Прикривање, маскирање на воени објекти или војска за да не бидат забележани од непријателот.
камуфлира | св. и несв.
(воен.) Прави, направи невидлив некој воен објект или војска заради измама на непријателот; прикрие, прикрива, маскира.
камуха | ж.
Вид свилена ткаенина.
камфор | м.
Бела кристална материја со силен мирис што се добива од камфорово дрво и се употребува во медицината и во хемијата.
камфорен | прид.
Што се однесува на камфор, што содржи камфор. Камфорна инјекција.
камфоров | прид.
Што му припаѓа на камфор, што се однесува на камфор. Камфорово дрво. Камфорова пареа.