кавал | м.
Народен дувачки музички инструмент изработен од дрво, во вид на цевка со осум отвори.
кавалер | м.
Маж што кон жените се однесува воспитано, услужно; придружник на дама при средби со танцување. За игра ја покани најдобриот кавалер.
кавалерија | ж.
Коњички род во војска, коњица.
кавалерист | м.
Војник што служи во кавалерија, коњаник.
кавалерство | ср.
Особини на кавалер; кавалерско однесување, кавалерска постапка.
кавалкада | ж.
Свечена коњичка поворка, колона; коњичка парада.
кавалџија | м.
Тој што свири на кавал.
каварџик | м.
Вид долги и тенки, светлозелени пиперки.
кавга | ж.
Караница, расправија. Долго продолжи кавгата, а син и татко не се спогодија.
кавгаџија | м.
Тој што предизвикува кавги. Не се дружам со кавгаџии.