Келн | м.
Град во Германија.
келнер | м.
Тој што ги служи гостите со храна и пијалак во угостителски објект. Келнерите го сервираа јадењето.
келнерај | м.
Дел од угостителски објект каде што се чуваат пијалакот и садовите.
Келт | м.
Припадник на древен народ, жители на просторот на денешните Велика Британија, Ирска и Франција. Келтка, ж.
кемане | ср.
Кембриџ | м.
Универзитетски град во Велика Британија.
кеменџија | м.
кенар | м.
Вид подебел памучен конец со кој се везе платното за да зајакне.
кенгур | м.
Австралиско тревопасно животно, цицач од фамилијата торбари, со куси предни и долги задни нозе, што се движи со скокање и ги одгледува младите во кожена торба на стомакот; Macropus giganteus.
кенгурче | ср.
Младо од кенгур.