кенеф | м.
Кенија | ж.
Држава и планински врв во Африка.
кенка | несв.
Плаче испрекинато со слаб, болезлив глас. Детето кенкаше и бараше да му се купи играчката.
кенкало | м.
Тој што постојано, често кенка, плаче без причина.
кенотаф | м.
Почесен споменик, празна гробница подигната за спомен на покојник што умрел надвор од татковината или во војна, а телото не е пронајдено.
кентаур | м.
Кај старите Грци – митолошко суштество што има човечки лик и тело на коњ.
кепе | ср.
кепенок | м.
кепер | м.
Вид ткаење со карактеристични дијагонални пруги.
кепец | м.
Човек со неприродно низок раст;