керамика | ж.

Изработка на садови и други предмети од печена глина.

керамичар | м.

Тој што изработува керамички садови и предмети, што се занимава со керамика.

кербер | м.

Во грчката митологија – триглав пес што го чува влезот во подземниот свет.

керевиз | м.

Градинарско растение, вид зеленчук сличен на магдонос што се употребува како зачин, во супа и сл.; Apium graveolens.