митралезец | м.
Војник што пука со митралез.
митралира | св. и несв.
Пукне, пука со митралез.
митрополит | м.
Највисок чин во хиерархијата на православната црква по патријархот, епископ на митрополија.
митрополија | ж.
Црковна област под управа на митрополит.
мицелиум | м.
Вегетативно тело кај габите што се состои од многу тенки испреплетени нишки.
Мичиген | м.
Сојузна држава и езеро во САД, од Големите Езера.
мишка | ж.
Дел од човековото тело што се наоѓа под рамото каде што се спојува раката со трупот. Кутијата ја носеше под мишка.
мијалка | ж.
мијалник | м.
Елемент од опрема во бања под чешмата што служи за миење раце, лице или во кујна за миење садови.
мијач | м.
Тој што мие (садови и сл.).