муштулук | м.
Подарок за доносителот на убава, радосна вест.
муштулџија | м.
Лице што прво ќе донесе, ќе јави радосна вест, убав глас.
муџахедин | м.
Назив за борец од исламските земји.
Мјанмар | м.
Држава во Азија.
мјау! | изв.
За имитирање глас на мачка.
мјаука | несв.
За мачка – испушта карактеристичен глас.
мјаукне | св.
мјузикл | м.
Музичкосценско дело во кое актерите пеат и танцуваат.