макетар | м.
Изработувач на макети.
макијавелизам | м.
Учење на Николо Макијавели според кое во власта и во политиката се дозволени сите средства.
макијавелист | м.
Човек што се однесува според макијавелистички принципи.
макла | ж.
Влажно место, млака, мочурливо место.
маклина | ж.
Влажно место каде што се подвира водата.
макне | св.
Потопи парче леб во храна. Макна со лебот во чорбата и продолжи да зборува.
маков | прид.
Што потекнува од мак или се однесува на мак. Маково семе. Маков цвет.
макотрпен | прид.
Што е проследен, придружен со мака; тежок. Мораше да помине макотрпен пат за да стигне до ова што е сега.
макраме | ср.
Вид преплет со врзување разни видови јазли.
макро | м.
Човек што се издржува од подведување жени за проституција.