малахит | м.

Минерал со зелена боја, обично се користи за изработка на накит и други украси.

Малајски Архипелаг | м.

Група острови источно од Индокинескиот Потконтинент.

Малајски Полуостров | м.

Полуостров во Индокина, Азија.

малверзација | ж.

Злоупотреба, проневера, затајување; незаконско работење. Од работа го избркаа поради неговите малверзации.

Малдиви | ср.

Островска држава во Индискиот Океан.

Мале | ср.

Главен град на Малдиви.

малее | несв.

Се смалува, станува помал; Со годините сè повеќе малееше, стануваше ситен како дете.

Малезија | ж.

Држава во Азија.

малер | м.

Несреќа, незгода, неволја. Му се случи малер да си ја скрши ногата пред настап.