мастилница | ж.
Сад во кој се чува мастило.
мастило | ср.
Течност што служи за пишување и за печатење. Печатарско мастило.
маститис | м.
Воспаление на дојка.
мастодонт | м.
Праисториско животно, слично на слон; Mastodon giganteum.
мастодонтски | прид.
Што се однесува на мастодонт.
мастраф | м.
Трошок, издаток. Му реков да не прави мастраф, ама тој така решил.
мастрафи се | несв.
Троши, прави издатоци. Ќе ви дојдеме вечер на гости, ама не се мастрафете многу.
мастрафчија | м.
Тој што многу троши. Голем мастрафчија е в кафеана.
мастурбација | ж.
Сексуално самозадоволување; онанија.
мат 1 | и.
Во шахот ‒ завршен потег кога се добива партијата, позиција кога нападнатиот крал нема можност за одбрана.