матуви се | несв.

Станува сенилен, заборавен. На тие години сите се матуват.

матура | ж.

Завршен испит во средно образование, испит на зрелоста.

матурант | м.

Ученик во завршна година од средното образование; ученик што полага матура.

матурира | св.

Заврши средно образование; положи матура.

маузер | м.

Вид автоматски пиштол.

маузерка | ж.

Вид воена пушка.

мафија | ж.

Тајна криминална организација формирана на Сицилија во почетокот на XIX век.

махагон | ср.

Црвенкастокафеаво дрво од фамилијата Meliaceae од кое се изработува мебел.

махарана | ж.

Жена на махараџа.

махараџа | м.

Индиска владејачка титула, врвен владетел.