маѓепсник | м.

Лице што прави магија, волшебник. Маѓепсникот сакаше да ме маѓепса.

маѓепсништво | ср.

Дејност или сила на маѓепсник и маѓосник

маѓер | м.

Манастирски готвач.

маѓерница | ж.

Манастирска кујна.

мај | м.

Петтиот месец во годината; косар.

маја | ж.

Природно средство за потквасување што се добива со ферментирање:

Маја | м.

Припадник на древен народ што го населувал јужниот дел од денешно Мексико и северниот дел од Средна Америка.

мајалница | ж.

Леб замесен со маја, озгора премачкан со јајце; наутлија.

Мајами | ср.

Главен град на сојузната држава Флорида, САД.