медицинар | м.

Студент на медицина.

медијатор | м.

Посредник, судија.

медијација | ж.

Посредување.

медлика | ж.

Слатка материја што ја исфрлаат лисните вошки и други растителни паразити, остаток од растителните сокови со кои се хранат овие инсекти, се таложи во вид на капки најчесто на лисјата; медена роса.

медликовец | м.

Мед добиен од медлика, многу ценет во исхраната на човекот.

медовина | ж.

Алкохолен пијалак од мед, сличен на вино.

медоносен | прид.

Од кој пчелите собираат сок и прават мед. Медоносни растенија. Медоносни шуми.

медреса | ж.

Религиозно муслиманско училиште.

медуза | ж.

(мит.) Жена што на главата наместо коса има змии.