натпее | св.
Во пеење надмине некого со подобар, со посилен глас. Имаше чудесен глас, никој не можеше да ја натпее.
натпива | несв.
натпие | св.
Испие повеќе од друг, надмине некого во пиење.
натпис | м.
Кус текст со различна содржина, истакнат на јавно место (на ѕид, на споменик, на табла и сл.). Надгробен натпис. Натпис на камен.
натпише | св.
Направи, напише натпис врз нешто.
натплати | св.
Плати повеќе отколку што треба, од сметката, од цената. Ќе платам и ќе натплатам само да го земам.
натплаќа | несв.
натплете | св.
Сплете повеќе отколку што било потребно.
натплива | св.
Во пливање престигне, победи.
натпревар | м.
(спорт.) Натпреварување, спортска борба меѓу двајца или меѓу две екипи. Натпревари во атлетика. Фудбалски натпревар. Првенствен натпревар. Пријателски натпревар.