нурне (се) | св.
Влезе, се потопи под површината на водата. По едно време нуркачот се појави, мавна со рака и пак (се) нурна длабоко.
нуспојава | ж.
Придружна појава, појава што се случува кон друга.
нуспродукт | м.
нуспроизвод | м.
Спореден производ; производ што нема главно место во програмата на производството.
нуспросторија | ж.
Помошна просторија, таква во која не се седи, не се живее (бања, кујна, клозет и др.).
Нџамена | ж.
Главен град на Чад.