ненаточен | прид.

Што не е наточен; тап. Ненаточен нож. Ненаточен молив.

ненаучен 1 | прид.

Што не е научен, што не е усвоен како знаење, како навик, како вештина. Ненаучена лекција. Тоа е ненаучено да седи мирно. Ненаучени да јадат со виљушка и нож.

ненаучен 2 | прид.

Што нема научна основа, што не се засновува врз определена наука. Ненаучна претпоставка. Ненаучен пристап. Ненаучни методи.

ненахранет | прид.

Што не е нахранет. Го оставила детето ненахрането.

неначнат | прид.

Што не е начнат; цел, целосен. Неначнато јадење. Неначната работа. Неначната сума.

ненашетан | прид.

Што не е нашетан, што недоволно патувал, што недоволно видел од светот.

ненајавен | прид.

Што не е најавен, што не е претходно договорен. Ненајавена посета. Ненајавена средба.

ненајаден | прид.

Што не е најаден, сит; гладен. Децата останаа ненајадени.

ненормален | прид.

Што не е обичен, што не одговара на обичната норма. Ненормална појава. Ненормален раст. Ненормални температури.