олтар | м.
Најважен дел во црква, издигнато и преградено место во предната источна страна на црквата, каде што се одвива главниот дел од богослужбата. Беше седната на скалилата пред олтарот и липаше.
олтарен | прид.
Олтарен простор. Олтарен покрив.
олтарски | прид.
Што се однесува на олтар. Олтарски врати.
олтица | ж.
олук | м.
Жлеб или лимена цевка низ која истекува водата, дождовницата. Отспротива по олукот уште тропа дождовницата.
олупи | св.
Симне кора, лушпа од нешто; излупи. Ја олупи кората од дрвото. Ќе ги олупеа јајцата и ќе ги поделеа.
олути | св.
Направи нешто да биде луто. Ја олути манџата.
олца | несв.
Несвесно, отсечно, испрекинато вдишува воздух и при тоа испушта карактеристичен звук, обично при плачење; Тие олцкаа од смеење.
олцне | св.
ом | м.
Единица за мерење на електричен отпор.